Етичките правила во научното списание “Преводите на словенската книжевност”
Правилата за Авторите
Авторот на публикацијата треба да ги наведе сите оние кои придонеле за објавувањето (во формата на значителен тематски, материјален, финансиски придонес итн.).
Авторот пополнува два извештаја. Првиот се однесува на рецензијата и изјавува дали ги зема предвид предлозите содржани во неа. Ако не, треба да ја оправда својата одлука. Во втората изјава известува дали статијата е негово оригинално дело, или веќе била објавена во печат и дали илустративниот материјал кој е користиен е негов (текстот на извештаите е достапен на http://www.pls.us.edu.pl/mk/documents/.
Ако авторот забележи значителни грешки во своите публикации, треба веднаш да го извести главниот уредник. Уредникот и издавачот во консултација со авторот максимално ќе се потрудат да ги поправат овие грешки.
Авторот треба да ја избегне која било форма на судир на интереси (во случај на тематиката со која се занимаваат “Преводите на словенската книжевност”, на пример на негативна или позитивна оценка на поединци или институции – со кои авторот има службени, персонални, семејни односи итн – во поглед на нивните активности во областа на преводот).
Правилата за Pецензентите
Секоја статија ја оценуваат барем двајца независни полски и / или странски рецензенти , кои се од надвор од редакцијата, издавачката куќа и институцијата на авторот. Тие се специјализирани во областа на презентираните теми. Рецензиите го претставуваат т.н. double-blind review процесот, значи анонимни се, односно на рецензентите и авторите не им се познавати имиња меѓусебно. Рецензијата треба да ја вклучи проценката на предложениот обем и неговиот придонес за истражувањето од соодветната облас, како и проценка на секоја статија според формулата (формуларот за рецензијата – за преземање на интернет страницата на списанието http://www.pls.us.edu.pl/mk/review-form-2/.
Доколку рецензентот забележи можност за конфликт на интереси меѓу него и авторот (на пр. службената врска, блиските лични односи, роднинските односи), или проблемот за кој пишува (нпр. позитивната или негативната оценка на поединечните лица или институции, со кои рецензентот и авторот се поврзани, во однос на нивните активности во областа на преводот), должен е да го информира главниот уредник за тоа.
Деталната постапка за рецензиите е достапна на: http://www.pls.us.edu.pl/mk/review-procedure-3/
Правилата за уредувањето
Редакцијата се грижи за квалитетот на статиите. Пред да ја испрати статијата на рецензија се запознава со неа, и ако забележи значителни недостатоци, пропусти на текстот, му се предочува на авторот, за да го дополни и подобри текстот. Редакцијата не ги праќа на рецензија, текстовите кои не ги исполнуваат условите и критериумите за научната статија.
Редакцијата се обидува да ја спречи појавата на “ghostwriting” и “guest authorship”. Во таков случај, ќе го извести местото каде што е вработен авторот.
Конечната одлука за печатењето или одбивањето на статијата ја донесува Главниот уредник по консултацијата со Тематскиот уредник.
Уредникот ги чува информациите добиени во секоја фаза од процесот на издавањето, освен оние кои се во текстот на статијата што ќе биде објавена во списанието.
При изборот на рецензентите, уредниците на посебен начин се грижат за тоа да се избегне конфликт на интереси помеѓу авторот и рецензентот (на пр. службена врска, блиски лични односи, роднински врски).